Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача во средата дека Турција има „легатимно право“ повторно воено да дејствува доколку границата со Сирија не биде „исчистена“ од милитантите.
„Доколку границата не биде исчистена од терористите, како што ни беше ветено, имаме легитимно право повторно да дејствуваме“, изјави Ердоган во обраќањето пред пратениците на неговата владејачка Партија на правото и развојот (AKP) во парламент.
Во офанзивата пред една година Турција со поддршка на сируските сунитски бунтовници од локалното туркменско население ја зазема граничната територија во должина од 120 километри во северозападна Сирија од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), поддржувани до САД, а која Анкара ја смета за сириско крило на забранетата Рaботничка партија на Курдистан (PKK) која е ставена на листата терористички организација.
Овој упад на сириска територија остро го исудија западните созјузници на Турција, бидејќи YPG беа главан компонента на Сириските демократски сили (SDF) која ги вооружуваа САД од март 2011 година во обидот да се собори владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а потоа ја користе и против ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава.
Ердоган во средата, исто така, изрази загриженост поради ситуацијата во покраината Идлиб на северозападот од Сирија, коде се водеа жестоки борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците кои ги поддржува Турција, сѐ додека Анкара и Москва во март не постигнаа договор за прекин на огнот и создавање зони на деескалација.
Во понеделникот, неколку дена откако во атентат со подметната експлозија беше убиен големиот муфтија на Дамаск кој беше во мисија на помирурвање, сириските борбени авиони помогнати од руските сили во Сирија нападнаа логор во северозападна Сирија на бунтовниците кои ги поддржува Турција, при што биле убиени 35 лица, според милинатантите.
„Нападот на Русија врз силите на Сириската народна армија (SNA, која ја вооружива Турција – з.р.) во покраината Идлиб покажуваат дека не постои желна за траен мир во регионот“, рече Ердоган.