Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонскиот разговор во саботата со шведската премиеркат Магдалена Андерсон рекол дека Анкара очекува конкретни чекори на Стокхолм во борбата против тероризмот, известува турската службена новинска агенција Anadolu.
Според информациите од кабинетот на турскиот претседател, Ердоган рекол и дека ембаргото на извоз на оружје наметнато на Турција по нејзината воена интервенција во Сирија во 2019 година против единиците на сириските Курди, Шведска би требало да го укине.
Финска и Шведска направија пресврт во своите децениски политикли на воена неутралност, и ја искористија руската воена интервенција во Украина како изговор и формално да побараат членство во НАТО иако со години изведуваат заеднички воени вежби и воено соработуваат со Алијансата.
Меѓутоа, Турција минатата седмица ги изненади сојузниците во НАТО бидејќи се спротистави на членството на двете скандинавски земји во воениот сојуз. Анкара долго време ги обвинува Шведска и Финска дека им даваат засолниште на припадниците на сепаратистчкото курдско движење Работничка партија на Курдистан (PKK) и на нејзиното сириско крило Единици за одбрана на народот (YPG), како и на движењето на радикалниот исламистички проповедник Фетула Ѓулен, обвинето во Турција за создавање држава во држава и за организирање на неуспешниот воен преврат во јули 2016 година.
Минатиот викенд Анкара рече дека дури и на денот кога се носеа одлуките во Хелсинки и Стокхолм за поднесување барање за членството во НАТО, таму се одржувале состаноци на групациите кои се забранети во Турција, а некои, како PKK, се на листата терористички организации на САД и на ЕУ.
Сепак, западните челници веруваат дека забелешките на Турција нема да претставуваат пречка во процесот на придружување на Финска и Шведска во НАТО.
Финскиот претседател Саули Ниисто во саботата изјави дека „отворено и директно“ разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во рамките на расправата за финското членство во НАТО.
„Реков дека Финска и Турција, како сојузнички во НАТО ќе бидат обврзани на меѓусебна одговорноста и дека нашиот одност така станува посилен. Финска го осудува тероризмот во сите негово форми. Продолжуваме со дијалогот“, објави на Twitter Ниисто по телефонскиот разговор со Ердоган.