Ердоган: Укинувањето на вонредната состојба во Турција не е на дневен ред

Вонредната состојба во Турција, воведена по обидот за преврат пред речиси една година, би можела да биде укината „во не така далечна иднина”, но засега тоа не е на дневен ред, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Не може да стане збор за укинување на вонредната состојба, со оглед на се она што се случува сега. Луѓето прашуваат кога ќе заврши вонредната состојба. Тоа ќе се случи тогаш кога ситуацијата ќе се среди целосно, рече Ердоган.

По неуспешниот преврат лани на 15 јули, Турција воведе вонредна состојба, со што Владата доби поголеми овластувања, по што спроведе масовни апсење при кои од слобода беа липени над 50.000 луѓе.

Најголемиот број од уапсените се осомничени за поврзаност или за членство во групата Хизмет на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен САД, а кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат.