![kasogi-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/kasogi-2-2.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека во вторник ќе ги објави деталите за бруталното убиство на новинарот со американско државјанство , Џамал Кашоги.
На своите приврзаници во Истанбул Ердоган во обраќањето рече дека Турција ја бара правдата , а за тој случај детално ќе им раскаже на на членовите на владејачката партија во Парламентот .
Саудиска Арабија вчера соопшти дека саудискиот новинар , кој има двојно државјанство , умрел за време на тепачка во конзулатот во Истанбул и затоа се уапсени 18 лица.
Не ги признаваат тврдењата на турските истражители , кои наведуваат дека новинарот на Вашингтон Пост бил жив распарчен , а неговото тело скриено .