Ердоган: Воена операција во Идлиб е прашање на време

Турција нема да се двоуми да се погрижи сама за сопствените безбедносни проблеми доколку другите земји од регионот не успеат да ја уверат, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од весникот „Дејли Сабах“.

– Прашање на време е започнување нова операција во Идлиб, во северозападна Сирија, им рече Ердоган пред пратениците од неговата Партија за правда и развој (АКП).

Тој истакна дека „во моментот се издаваат последните предупредувања. За жал, не успеавме да го постигнеме посакуваниот резултат ниту кај нас, ниту во Русија“.

– Турција прави секакви подготовки за проблемот со Идлиб. Операција во Идлиб е прашање на време, рече Ердоган.