ВИДЕО| Ерик Клептон со новиот сингл ги критикува ковид мерките

Ерик Клептон ја објави новата песна под насловот „This Has Gotta Stop“ (Ова мора да запре) во која се чини дека легендарниот кантавтор на ангажирани хитови ги изразува фрустрациите од одговорот на властите на пандемијата на короанвирусот.

Славниот рокер изминатите месеци јавно се спротистави на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот и на вакциниеањето. Во декември минатата 2020 гоина со Ван Морисона ја снимија песната „Stand and Deliver“, една од многуте песни коишто овој познат северnоирски кантавтор ги напиша против „затворањата“.

Новата песна на Клептон „This Has Gotta Stop“ проследена е со анимиран спот од петокот има речиси 900.000 прегледи, а кој прикажува луѓе хипнотизирани од медиумите и демонстранти со натписи како „Слобода“.

„Ова мора да запре. Не можам веќе да ги поднесам овие глупости. Ја преврши мерата“, пее 76-годишниот музичар во рефренот на песната.

Клептон претходно ги критикуваше вакцините против Covid-19, по своето искуство со вакцината на „AstraZeneca“ за што рече дека резултирало со „катастрофални“ последици за неговото здравје.

По првата доза музичарот „веднаш имач тешки реакции кои траеле десет дена“, објави во мај. По втората доза „неговите раце и стапала биле смрзнати, умртвени или врели и горе-долу неупотребливи две седмици“.

„Стравував дека повеќе никогаш нема да свирам на гитара“, рече Клептон тогаш.

Тврдењата дека вакцините против Covid-19 се безбедни ги нараче „пропаганда“, додавајќи дека е тешко да се молчи за оваа тема со созанние коештпо сега го има.

ерик клептонКлептон во јули одби да одржи концерти на локациите на коишто од публиката се бараше потврда за вакцинираност, истакнувајќи дека тоа е дискриминација.