Еритреец во Германија турна осумгодишник под воз, кој почина од повредите

Четириесетгодишен маж, со потекло од Еритреа, бутнал во понеделникот на главната железничка станица во Франкфурт осумгодишно момченце под воз кој пристигнувал со што го убил.

Осомничениот е одведен во притвор, случајот се истражува како убиство, соопшти германската полиција. Според нејзините наводи, очевидци рекле дека мажот ги турнал дететот и неговата мајка од перонот VII. Четириесетгодишната жена успеала да се спаси и да го избегне возот кој пристигнувал, но нејзиниот син се здобил со фатални повреди.

На железничката станица во теке е „голема полициска операција“, се наведува уште во соопштението. Осомничениот побегнал од местото на злосторството, но бил фатен пред железничката станица со помош на случајни минувачи.

Полицијата објави дека сторителот е 40-годишен Еритреец, додавајќи дека сѐ уште не е јасна врската меѓу мажот и неговите жртви, па така не е познат ниту мотивот за убиството.

Портпаролката на полицијата, Изабел Нојман, изјавила за медиумите дека сторителот е на испитување, а дека мајката момчето е одведена во болница, како и дека и таа ќе биде испитана. Неколку перони од главната железничка станица во Франкфурт која е најголемиот германски железнички јазол се затворени поради инцидентот.

Ова е втор ваков случај во Германија за кус период. Пред помалку од две седмици 34-годишна мајка беше турната од перон на шините во Верде, во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија. Загина под налетот на воз кој пристигнувал. Беше соопштено дека 28-годишен маж ѝ се приближил на жената од задгрб и ја турнал на шините. Во моментов е во протвор под обвинение за убиство, кое досега не го коментирал.