Ќерката на Аки емотивно: Тато, бегај, горе им е здодевно без тебе!

Балканот денеска се збогуваше со легендарниот фронтмен на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, кој беше испратен до своето вечно почивалиште во Загреб. Неговото најблиско семејство се собра денеска, а посебно емотивен беше говорот на неговата ќерка, Дина.

„Ти благодарам тато што ме научи како човекот е мал под ѕвездите. Ама бегај, бегај тато, затоа што им е здодевно горе без тебе. Те сакам“, рече Дина, пренесува „Индекс.хр“.