Ќерката на Брус Вилис се огласи откако е потврдено дека актерот има деменција

>Откако семејството на Брус Вилис објави во март 2022 година дека на актерот му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, сега е откриено дека му била дијагностицирана деменција.

Неговата ќерка Скаут Вилис објави сѐ преку Инстаграм.

Скаут објави сторија на Инстаграм во која откри како се чувствува откако дознала дека нејзиниот татко боледува од опасна, неизлечива болест и се заблагодари за поддршката.

„Се чувствувам емотивно исцрпено и преплавено со емоции, но исто така ме фаќа стравопочит од љубовта што многу луѓе ја имаат кон мојот татко“, напиша Скаут и ја објави нејзината слика. Нејзината објава подоцна ја споделија нејзините сестри Румер и Талула. „Се согласувам, Скаут, чувствувам голема љубов кон нашиот татко и нашето семејство“, ѝ напиша Талула, а Румер додаде: „Се согласувам со тебе. Исклучително сум благодарна и воодушевена од љубовта кон нашиот татко“, напиша таа.

Да потсетиме, семејството пред неколку дена ја изненади јавноста објавувајќи ја дијагнозата на Вилис на веб-страницата на Здружението за фронтотемпорална дегенерација.

„Откако ја објавивме дијагнозата на Брус за афазија во пролетта 2022 година, неговата состојба напредуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која што се справува Брус. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напиша неговото семејство.

Деменцијата, состојбата која му беше дијагностицирана Брус Вилис, е наследна болест која ги зафаќа фронталниот и темпоралниот лобус. Карактеристичната возраст на почеток е типично помлада (55-65 години) отколку кај Алцхајмерова болест.