Ќерката на македонскиот славен пејач на народни песни Гоце Николовски потсети дека на овој ден Гоце го напушти овоземскиот живот, истакнувјќи дека не би сакал да ја види оваа Македонија поразена и победена, а „Северна“ би го убивало.
„16. декември. Секоја година на тој ден пишувам колку ми недостасува. Тате. Па сепак, оваа година не сум сигурна дека би сакала да е жив. Не би сакала. Не би сакала да биде поразен и победен, Многу ја сакаше Македонија. Ова „Северна” би го убивало. Страшно би било да почуствува дека некои борби ги водеше залудно. Дека неговите идеали се минато. Дека неговата Македонија не се вика веќе така. Би бил поразен и победен. Вака, за мене останува најголем. Македонец. И најдобар. Татко. 14 година недостасуваш, ТС“, напиша Катарина Николовска на Фејсбук во чест на нејзиниот татко кој ја испеа безвременската „Бисер балкански“ и многу други хитови.