Лурдес Леон, 25-годишната ќерка на поп-иконата Мадона, е заштитно лице на новата кампања на модниот бренд „Келвин Клајн“. На фотографиите што ги објави брендот на социјалните мрежи, Лурдес гордо ги покажува своите недепилирани пазуви.
На првата црнобела фотографија ќерката на Мадона носи тренерки „CK1 Palace“ и куси панталони, а на другата позира во долна облека, ги подига рацете и ги покажува влакнестите пазуви.
Младата манекенка во јавноста често ги покажува своите пазуви, а неодамна истото го стори и на Met Gala, каде се појави во деколтирано розево здолниште.
Инаку, Лурдес е и едно од насловните лица за приказната „Генерација Америка: Модели кои ја менуваат индустријата“ во мартовското издание на Вог.
„Луѓето мислат дека сум богато дете без никаков талент, на кое се му е дадено на тацна, но јас не сум тоа“ – вели Лудрес за списанието и објаснува дека таа сама си ја платила школарината на факултет и дека живее во њујоршкиот кварт Бушвик, далеку од сјајот на Холивуд.