Ќерката на првиот Американец во Вселената леташе во орбитата

Најстарата ќерка на Алан Шепард, првиот американски австронаут во Вселената, во саботата тргна по татковите стапки одлетувајќи во орбитата со комерцијалната вселенска туристичка ракета на компанијата „Blue Origin“ на милијардерод Џеф Безос, 60 години по славниот суборбитален лет на NASA на нејзиниот татко.

Сега 74-годишната Лора Шепард Черчли, била учиничка кога нејзиниот татко, пилот на американското воено воздухопловство, првпат полета во Вселената. И самата во саботата полета, заедно со уште шест патници, во кабината на леталото „New Shepard“ на компанијата „Blue Origin“.

Покрај Лора, во состав на екипажот беа спортскиот аналитичар и ководителот на тв-шоуто „Good Morning America“ на телевизијата ABC News, 50-годишната пензионирана ѕвезда на американскиот фудбал (рагби) и играч на Њујорк Џајантс, Мајкл Стрејхен, и четири помалку познати но богати поединици – филантропот Дилан Тејлор, претприемачот Лејн Бес и неговиот син Камерон Бес, и инвеститорот Еван Дик.

Летот го платиле Тејлор, Дик и таткото и синот Бес, а Черчли и Страхан беа почесни патници кои не платија за вселенскиот лет.

Капсулата со екипажот на вселенскиот брод со кој патниците беа лансирани од близина на грдот Ван Хорн во западен Тексас, е дизајнирана да успее да достигне височина од 106 километри пред враќањето на Земјата. Целиот лет, од полетувањето до враќањето траеше десетина минути, а екипажот неколку минути ја чувствувал бестежинската состојба на самиот врв од суборбиталниот лет.

Леталот го доби името тилму по Алан Ширер, кој во 1961 година се впиша во историјата како втората личност во светот, по рускиот космонаут Јуриј Гагарин, и првиот Американец кој летал во Вселената, поточно на 15-минутниот суборбитален лет како еден од астронаутите на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Тогаш по успешното слетување во Атлантикот, Шепард стана национален јунак, приредени му се паради во Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес, а беше примен и од тогашниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди. Десет години подоцна Шепард чекореше по површината на Месечината како командант на мисијата „Apollo 14“.