Ерменија подготвена да разговора за прекин на огнот

Извештаите велат дека повеќе од сто лица се убиени и стотици повредени во борбите во кавкаскиот регион, Нагорно Карабах – сега едната страна во конфликтот се согласи да ги започне преговорите за прекин на огнот, пренесува Шпигел.

Ерменија е подготвена за разговори во рамки на таканаречената Минска група на Организацијата за соработка и развој во Европа (ОБСЕ), соопшти Министерството за надворешни работи во Ереван.

Групата се состои од Русија, Франција и САД. Таа вчера побара итен прекин на огнот.

Од Азербејџан, кој веќе шест дена се бори со Ерменија, првично немаше никаква реакција за предлогот. Двете земји прогласија воена состојба во конфликтот.

Нагорно-Карабах е претежно населен со Ерменци. Ерменија е сојузник со Русија и е поддржана во конфликтот од Франција, додека Азербејџан има ветувања за помош од Турција која го отфрла посредувањето на ОБСЕ.

Ерменија и Азербејџан се борат за Нагорно Карабах од распадот на Советскиот сојуз. Вкупно околу 150.000 луѓе живеат таму. Регионот во Јужен Кавказ се отцепи од Азербејџан во 1991 година, но ниту една држава не го признава како независен.

Минатата недела конфликтот околу Нагорно Карабах се претвори во насилство. Руската новинска агенција Интерфакс објави дека Министерството за одбрана на Нагорно Карабах објавило смрт на уште 54 војници. Ова го зголеми бројот на убиени војници на 158.

Војската во Азербејџан во петокот информираше за силен артилериски оган во некои села на нејзина територија. Се вели дека цивилите биле убиени и повредени. Ерменските власти претходно зборуваа за 120 мртви, повеќето војници. Азербејџан објави дека 19 цивили биле убиени и 55 повредени.