Ерменските пратеници во четвртокот не успеаја да го изберат бновиот премиер, со што предузвикаа распишување на предвремени паралементарни избори, што е расплетот кој најмногу го посакуваше досегашниот премиер Никол Пашинјан кога минатиот месец поднесе оставка.
Четириесет и тригодишниот поранешен новинар Никол Пашињан, којшто пред една седмица поднесе оставка, беше единствениот кандидат на денешното гласање. Пашињан и неговите поддржувачи сакаат предвремени избори, бидејќи во сегашниот парламент контрола има партијата што го поддржа неговиот претходник и блокираше некои од неговите иницијативи.
Пашињан ја презеде функцијата во мај, откако неколку седмици организираше протести, кои го принудија Серж Саркисјан да поднесе оставка.
Пашињан ја најави својата оставка на 16-ти октомври, но остана привремено на должност за да може да свика предвремени парламентарни избори. Рече дека изборите ќе се одржат на 9-ти декември. Според ерменскиот Устав, предвремени избори можат да се организираат 30 до 40 дена по распуштањето на парламентот.