
Во Ереван, каде група вооружени лица веќе шест дена во заземена полициска станица како заложници држат четворица високи полициски старешини, минатата ноќ беше мирно, јави ТАСС, пренесува МИА.
И натаму се во тек преговорите меѓу властите и напаѓачите за нивните барања – ослободување на лидерот на радикалната опозиција Жираир Сефилјан, оставка на претседателот на Ерменија, Серж Саркисјан и формирање нова влада.
Деталите од преговорите не се соопштуваат.
– Најважно е да не им наштетиме на овие преговори, затоа што мирната разврска на кризата е наша првенствена задача, објасни синоќа заменик претседателот на ерменскиот Парламент и портпарол на владејачката Републиканска партија, Едуард Шармазанов.
Синоќешниот митинг на опозицијта во близина на полицискаста зграда мина без инциденти. Подоцна таму останаа само 20-на лица.
Општинските служби утринава го исчистија реонот, што се уште е блокиран од силите на редот, кои со тешки камиони го затворија приодот кон влезот на зградата.
Во средата вечерта крај полициската зграда избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа повредени 51 лице, вклучувајќи и 29 полицајци. Притоа, 136 демонстранти беа приведени во полиција и потоа ослободени.
– Ние, како власт, ќе ги вложиме сите напори во Ерменија веќе да не се пролее крв, уверуваше вчера Шармазанов.