Ерупција на островот Јава, двајца мртви, 200.000 евакуирани

Пепелот го покри островот Јава.

Најмалку двајца луѓе загинаа, а над 200 илјади се евакуирани поради ерупцијата на вулканот Келуд на индонезискиот  остров Јава.

 

Вулканот исфрлил големи количини на пепел и камења во радиус од 200 километри, при што некои населби се целосно прекриени со пепел.

Поситни и покрупни камења направиле поголема материјална штета, а некои покриви на куќите биле разурнати.

Властите издале предупредување еден час пред ерупцијата и наредиле евакуација на 36 села кои се наоѓаат во круг од десет километри околу вулканот. Трите најголеми аеродроми се затворени.