
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Кетрин Ештон, утре ќе ја посети Босна и Херцеговина.
За време на посетата таа ќе го повика раководството на земјата да одговори на проблемите со корупцијата и невработеноста, што доведоа до сериозни немири минатиот месец, пренесе „АФП“.
Ештон истакна дека посетата на Сараево ќе и даде можност да се сретне со политичките лидери и граѓанското општество, за ги дознае плановите за одговорот на општествените немири, „особено поврзани со економскиот и социјалниот сектор“.