Репрезентативецот на Гана и фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Челzи, Михаел Есиен, најверојатно ќе биде запамете и како првата аквизиција на новиот тренер на италијанскиот калчо гигант Милан, Кларенс Сидорф.
Италијанските медиуми ја потврдија информацијата дека агентот на Есиен веќе неколку дена престојува во Милано каде преговара со челниците на Милан, а зелено светло за реалзиација на овој трансфер веќе има дадено и контроверзниот менаџер на “сините”, Жозе Мурињо и сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.
Искусниот играч за врска има права да настапува во дресот на Милан и во Лигата на шампиони, а во следните шест месеци ќе има статус на позајмен фудбалер.На крајот од актуелната сезона челниците на Милан ќе добијат и шанса да го откупат договорот на Есиен, а неговото обештетување нема да биде поголемо од 8 мил. евра.