Огорчената трговска војна меѓу САД и Кина ескалираше во четвртокот, откако двете светски најголеми економии меѓусебно воведоа нови казнени увозни царини од 25 отсто на увоз во вкупен износ од нови 16 милијарди долари.
Најновата серија воведување царини значи дека вредноста на стоките коишто меѓусебно САД и Кина ги оцаринуваат на почетокот од јули достигна 50 милијарди долари за секоја од земјите, што ги засили ризиците за глобалниот економски раст.
Американските царински власти потврдија на својата интернет страница дека во четврток започнуваат со наплаќање на дополнителната царина од 25 отсто на 279 производни катагории кои се увезуваат од Кина. Од друга страна, кинеската службена новинска агенција Xinhua, објави дека Пекинг од своја страна ќе воведе соодветни царини, како што претдхоно беше планирано и објавено.
Најновите царини што ги воведува Вашингтон ќе ги зафати производите на полупроводници, пластика, хемикалии и железничка опрема. Кинеската листа на оцаринети американски производи содржат 333, во широк дијапазон од јаглен, челични производи, автобуси и медицинска опрема.
Кинеското министерство за трговија потоа објави дека Пекинг е принуден да продолжи да возвраќа по последните примени на американските увозни царини. Кина, како што е најавено, ќе поднесе и поплаки пред Светската трговска организација (СТО – WTO) против овој потег на САД. Вашингтон, пак, најави дека оваа седмица ќе разгледува и предложи листа за царинење на дополнителни кинески стоки во износ од 200 милијарди долари.
Економистите проценуваат дека царињето на секој увоз во износ од секои 100 милијарди долари доведува до намалување на глобалната трговија за околи 0,5 отсто. Директното влијание, пак, врз кинескиот економски раст притоа се проценува за оваа година од 0,1 до 0,3 процентни поени, и нешто помалку за САД, но притоа се предупредува дека негативното влијание на царините следната година ќе биде поголемо, заедно со колатералните штети за двете најголеми светски економии и копаниите коишто се поврзани со кинеските светски синџири за снабдување.
Ноедамна американскиот Доналд Трамп се закани со воведување царини на целиот кинески увоз во САД, кој надминува вредност од 500 милијарди долари годишно, доколку Кина не се согласи на значителни промени во своите политики на заштитата на интелектуалната сопственост, програмите за субвенцционирање за индустријат, како и доколку не започне да купува повеќе американски стоки.
Оваа бројка е далеку поголема од вредноста на стоките којашто Кина ги увезува од САД, што ја јакне загриженоста меѓу економските аналитичари дека Пекинг може да разгледа и други начини на одмазднички потези, како што е отежнување на работењето на американските компании на кинескиот пазар или, пак, депресијацијата (обезвреднување) на вредноста на националната валута јунанот за да им помогне на своите извозно ориентирани компании.
Поради тоа, здружението на технолошките компании CompTIA, ги оцени новите американски царини на технолошките производи како „неодговорни и залажувачки. „Овие царини нема само сериозно да ја поткопаат глобалната конкурентност и лидерството во најновите технологии, туку ќе ја загрозат и инфрастукктурата на американската национална безбедност“, изјави Елизабет Хајмен, извршна потрпетседателска на здружението.