Ескобар очекува конкретен предлог од Косово за ЗСО до 2 мај

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, очекува предлогот на косовската Влада за Заедница на општини со српско мнозинство да го има до 2 мај, кога ќе се сретнат лидерите на Косово и Србија во Брисел.

„Се надевам дека до 2 мај ќе има изводлив нацрт“, рече Ескобар во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка.

Заменик-помошникот државен секретар за Јужна и Централна Европа рече дека има напредок во однос на прашањето за заедницата и, како што наведе, „голема еволуција во односот на Владата на Косово, особено на премиерот Албин Курти,

„Тоа е постоечка обврска, според Бриселскиот договор, што беше многу тешко за владата, а особено за таа партија, да го прифатат како обврзувачки, но сега зборуваат за тоа како обврска. Тие се согласија на тоа и јавно кажа која рамка и кои треба да бидат параметрите за формирање на заедницата и ние се согласуваме со тие параметри“, рече Ескобар.

Висок претставник на Стејт департментот истакна дека САД ќе ги признаат изборите во недела во северно Косово, дури и ако Српската листа ги бојкотира, велејќи дека „бојкотот не ги дефинира изборите“.