ЕСМ: Блок 3 попладево ќе биде плански исклучен од мрежа

Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката, информираат од ЕСМ.

Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа.

Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет.