Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата само чекаат одредени дозволи од Град Скопје. Во моментот кога ќе ги имаат тие дозволи веќе утредента ќе почнат со работа во делот на средување на мостот за снабдување со топлинска енергија – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по посетата на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.