
ЕСМ денеска купи уште 10.800 мегавати струја од домашни трговци за кои ќе треба да плати 2,5 милиони евра.
Оваа набавка треба да ги задоволи кусоците во производството до недела. Цената струјата на оваа набавка од 3 продавачи на струја се движи од 218,78 евра до 238,77 евра за мегават.
Ова е трета набавка за само три дена. Во неделата беа купени најпрво 26.000 мегавати, а вчера 4.560 мегавати електрична енерегија. За купување струја по цена од над 200 евра за мегават ЕСМ за само три дена потроши близу 9 милиони евра.