-Информираме дека на 07.04.2023 е спроведена набавка на електрична енергија за период на испорака од 09.04 до 16.04.2023 (00:00-24:00) и склучен е индивидуален договор со ХСЕ Мак Енерџи ДООЕЛ Скопје со договорена моќност од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,40 EUR/MWh, соопштија од ЕСМ Продажба.
Додаваат дека, компанијата ја набавува оваа електрична енергија со цел да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и средни училишта, градинки, јавни претпријатија за водовод, болници и други здравствени установи, универзитети и факултети и други субјекти од витална важност во државата.
Цената по која ЕСМ Продажба ја продава оваа енергија е со маржа со што се остварува дополнителен приход.
АД ЕСМ од производството од своите капацитети РЕК Битола, РЕК Осломеј, КОГЕЛ и обновливите извори на енергија, електричната енергија ја испорачува кон ЕВН ХОУМ кој е универзален снабдувач за домаќинствата и мали потрошувачи. Односно, над 70.000 мали бизниси како и најголем дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО.
Количините на електрична енергија ЕСМ Продажба ги набавува на јавен и транспарентен начин преку објава упатена до трговците на електрична енергија кои изразиле заинтересираност за склучување договор со купување/продавање на електрична енергија. ЕСМ Продажба и понатаму навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за сите набавки и продажби на електрична енергија, велат од државната компанија.