Во првата средба во четвртфиналето од шпанскиот фудбалски куп, Еспањол во градското дерби ја совлада Барселона со 1:0 прекинувајќи ја низата порази против големиот ривал која траеше 29 натпревари.
Погодокот на одлуката на овој меч го постигна Оскар Мелендо во 88 минута, на асистенција на Марко Наваро.
Ова е историски момент бидејќи Еспањол првпат на својот стадион „Корнеља де Љорегат“, позната како „Корнеља – Ел Прат“, кој е изграден во 2009 година, да го совлада далеку пославниот и пореномираниот градски ривал. Ова воедно е и прв пораз на Барселона од Еспањол во последните 29 дуели во сите натпреварувања.
Барселона, исто така, можеше да слави во овој дуел, но Лионел Меси во 62 минута не реализираше пенал, односно неговиот удар одлично го одбрани домашниот голман Диего Лопез. Домашните протестираа поради овој пенал кај главниот судија Рикардо де Бургос досуден поради прекршок на Гранеро над Серхио Роберто.
Реваншот ќе се игра на „Камп Ноу“ на 25-ти јануари.
Во Мадрид се сретнаа Атлетико и Севиља, а гостите победија со 1:2. Меѓутоа, овој дуел остана во сенката на инцидентот кој се случи пред мечот во близина на подземната железница покрај стадионот „Ванда Метрополитано“. Во тепачката на навивачите е избодено 22-годишно момче кое со повреди опасни по животот го пренеле во болница. Момчето бил член на „Френте Атлетико“, главната и најголема група на домашните навивачи.
„Момчето се здобило со три убодни рани, во грбот, во раката и во бутот. Изгубил многу крв и во тешка состојба е донесен во болница“, соопштија од мадридската болница Ла Паз.
Атлетико поведе со голот на Диего Коста во 73 минута, а тоа беше неговиот трет гол во четвртиот настап откако се врати во Мадрид од Челзи. Но гостите во последните десет минути направија целосен пресврт. Севилја изедначи во 80 минута со автоголот на домашниот глман Анхел Моја. Жезуз Навас нафрли од десната страна, но неговата топка ја пренасочи Лукас Ернандез, а топката од Моја се одби во мрежата. Победата на гостите им ја донесе Жоаин Кореа во 89 минута.
Реваншот ќе се игра на теренот на Севилја на 23-ти јануари.
Со идентичен резултат Валенсија на „Местаља“ го совлада Депортиво Алавес. Гостите поведоа во 6 6минута преку Рубен Собрин кој од дваесетина мери го погоди горниот лев агол од голот на Валенсија. Но водството на Алавес траеше само седум минути. Во 77 минута Алавес остана со играч помалку откако беше исклучен Адриен Диегуезм а победата на „лилјаците“ има ја донесе Родриго во 82 минута. Реваншот е закажан за 24-ти јануари.
Во последната четврфинална двојка во четврток силите ќе ги одмерат Леганес и Реал Мадрид.