САД планираат да го намалат своето воено присуство во Авганистан на помалку од 5.000 лица до крајот на ноември, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер. Во моментов, Контигентот на САД во Авганистан е околу 8.600 војници.
На 29 февруари САД и талибанците потпишаа мировен договор Според кој САД, сојузниците и меѓународната коалиција ќе ги повлечат сите трупи од Авганистан во рок од 14 месеци. Талибанците, од своја страна, гарантираат дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и сојузниците.