Еспер учествувал на вежби за воен одговор на можни нуклеарни напади од Русија врз Европа

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, синоќа учествуваше на воени вежби организирани од генералштабот на Стратегиската команда на САД во авионска база во Небраска. Вежбите вклучувале имитација на можен нуклеарен напад од Русија на територија на земја членка на НАТО.

Според официјални претставници на министерството, Еспер потоа зел учество во брифинг во Пентагон посветен на нуклеарно задржување и модернизација на атомското вооружување.

Според Пентагон, воените вежби не се состоеле во лансирање на ракети, туку биле „мини-вежби“ со сценарио кое вклучува нпредвидена ситуација кога за време на војна со Русија, таа одлучува да употреби нуклеаро оружје со мала моќ на територија на земја членка на НАТО.

Во текот на својата посета министерот се сретнал со ракводителот на Стратегиската команда на САД, адмиралот Чарлс Ричард, ја посетил командната соба со таканаречениот боев панел, на кој се гледаат заканите по САД и спремноста на американските атомски сили за противдејства и противракетна одбрана.

По завршената воена вежба, бил изработен извештај за министерот за одбрана, а Еспер пак треба да претстави свој извештај за тоа пред американскиот претседател Доналд Трамп.

На средбата на Стратегиската команда на САД учествувал и конгресменот републиканец Џеф Фортенбер, кој треба ќе направи извештај за вежбите за своите колеги во Конгресот.