Експертите согласни: Силен и одлучен говор на премиерот Никола Груевски

Силен и одлучен говор на премиерот Никола Груевски. Објективно и реално обраќање во ООН во кое се штитат интересите на државата врз принципиелна основа.

Ова го нагласува во својата анализа порталот „Курир“ повикувајќи се на оценките на експертската јавност за вчерашното обраќање на македонскиот премиер на Генералното собрание на ОН, од каде беа испратени низа клучни пораки.

Груевски: Ние сме Македонци, говориме македонски јазик

Говорејќи за спорот за името со Грција, Груевски рече дека  решавање на разликите со нашиот сосед е наш приоритет, во рамките на границите на резолуциите на ОН и согласно меѓународното право кои го дефинираат решението кое е предмет на разговори и взаемно прифатливо решение.

Нашата позиција е добро позната и е во контекст на реалноста дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со Уставно име Република Македонија. Меѓународното право треба да се почитува од сите и во сите случаи, а не наменски. Оттука одлуката од Меѓународниот суд за правдата донесена во корист на мојата земја треба да се почитува од сите членки на оваа организација, посебно зашто токму тој суд е основан од организацијата на ОН и тој треба да е гаранто на спроведување на правдата и на билатералните договори склучувани под покровителство на ОН, рече Груевски.

Во спротивно, нагласи тој, довербата во Светската организација и нејзините тела и органи ќе опаѓа и ќе се остава простор на сите оние скептици кои ги споменав и кои пробуваат неправедно и намерно да го оспоруваат нејзиното работење.

Мирчев: Силен говор со изразени поенти

Универзитетскиот професор, политиколог и поранешен амбасадор Димитар Мирчев, говорот на македонскиот премиер го оцени како силен со изразени поенти. Мирчв нагласува дека вакво обраќање било потребно и било време на овој начин Македонија да предупреди дека повеќе од 20 години е жртва на тој таканаречен спор.

Мирчев: Силен говор со изразени поенти
Мирчев: Силен говор со изразени поенти

Ова беше еден силен говор со изразени поенти.  Вакво обраќање беше потребно. Јас во него гледам неколку поенти. Прво беше обраќање до организацијата, нејзиниот јубилеј и даде позитивна оценка, иако во светот има многу критичари и незадоволни од организацијата. Втората беше за состојбите во регионот и третата за спорот со името,  Беше време на овој начин на Генералното собрание да предупредиме дека Македонија повеќе од 20 години  е жртва на тој таканречен спор кој ни прави големи штети, за кој ние воопшто не сме виновни, смета Мирчев.

Според експертската јавност говорот на Груевски во Обединетите Нации беше базиран на вредносни категории, а не на куртоазна реторика.

5

Тие нагласуваат дека македонскиот премиер ги бранеше државните интереси во ОН и ја промовираше државата. Осврнувајќи се на состојбата со бегалците со која се соочуваат државава, Балканот и цела Европа, посочи дека од почетокот на оваа година речиси 200.000 луѓе, главно Сиријци, минаа низ Република Македонија.

Соседите на Сирија, на пример Либан, Турција, Јордан, се силно погодени, а првите знаци на општествена тежина се чувствуваат и во балканските земји, чии што економии не може долго изолирани да се справуваат со состојбите. Од наша страна, ние ќе направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на овие луѓе кои имаат потреба, луѓе кои го бараат својот мир, својата надеж за безбедно патување, за безбеден и пристоен живот. Без разлики на економскиот и одржливиот аспект ние се трудиме да придонесеме за помош кон нив, надминувајќи и санкционирајќи одредени слабости во системот кој е поставен, но со силна посветеност да се придонесе во креирање на излезни позитивни решенија за овие лица согласно нивните потреби. Но, ние не можеме да го направиме тоа сами, рече Груевски.

Справувањето со овој проблем, додаде, претпоставува посилен ангажман на Европската Унија во соработка со балканските земји, која би била од значење за засилување на соработката на конкретни нивоа.

Никовски: Поентите на Груевски соодветни на проблемите со кои се соочува Македонија

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски оценува дека поентите кои ги истакна премиерот се соодветни на проблемите со кои живееме тука, бегалците и проблемот за името.

Никовски: Поентите на Груевски соодветни на проблемите со кои се соочува Македонија
Никовски: Поентите на Груевски соодветни на проблемите со кои се соочува Македонија

Проблемот со бегалците само ќе расте, нема да се намалува. Можеби во текот на зимата ќе се намали приливот на мигранти, но на пролет ќе добие уште подраматични размери. Резултатот е тој и ако не се превземат сериозни мерки, нема крај, тоа е закана за демократската структура на Унијата, вели Никовски.

Груевски во обраќањето нагласи дека треба сериозен ангажман да се мотивира Грција да пристапи кон решавање на ова прашање имајќи ја предвид инертноста која во дел е резултат на причини заради неповолната економска состојба и објективните предизвици со кои се соочуваат, но во еден дел заради предолгото игнорирање на ова прашање од меѓународната јавност и недостаток на пристап од клучните играч кои може да помогнат, а кои не го приоритизираат ова прашање.

Треба да најдеме решение како две пријателски земји кои освен ова немаат друг проблем, да се почитуваме и да соработуваме, да разговараме во еден позитивен дух на пријателство и соработка со сите земји во регионот, мора да продолжи да се движи мојата земја остварувајќи ги своите цели и заложби за добробит на нашата држава, но и на целиот регион. Би сакал да ја повикам новата влада во Грција како што правевме и во претходните случаи, во духот на добрососедските односи и пријателството да го решиме ова нерешено прашање како соседи.

Груевски повика да се почитува  Времената спогодба од 1995 година како темел на нашите односи, спогодба која е под покровителство на оваа организација и требаше да донесе решение на спорот, а не негово одложување.

Премиерот сосема оправдано постави прашање и се заложи за решавање на спорот и отвори перспектива, а сега треба Генералниот секретар и Советот за безбедност да даде некаков извештај за тоа како понатаму ќе се постапува за овој спор, смета Мирчев.

Чилиманов: Груевски го зголеми притисокот врз Грција

Според новнарот и добар познавач на состојбите Цветин Чилиманов, премиерот Груевски го зголемил притисокот врз Грција, која продолжува да одбегнува изнаоѓање на достоинствено и заемно прифатливо решение на спорот што ни го наметна.

Чилиманов: Груевски го зголеми притисокот врз Грција
Чилиманов: Груевски го зголеми притисокот врз Грција

Груевски ја потсети Грција, која е очигледно во исклучително кревка политичка и економска состојба, дека со решавање на спорот што ни го наметна, ќе си ја подобри и својата безбедносна положба и безбедноста во регионот. Со тоа, за разлика од Ципрас кој на ова прашање понуди една конфузна полуреченица, Премиерот Груевски ја повика Грција на одговорност, ја повика да покаже дека е дорасната на нивото на безбедносниот предизвик со кој сите сме соочени, смета Чилиманов.

Според Чилиманов, Груевски со своето обраќање укажал дека Македонија ќе продолжи да се справува со безбедносноте закани, како што е појавата на ќелии на ИСИС, и со безбедносните ризици, како што е неконтролираното движење на бегалци низ југоисточна Европа, но дека е многу подобро за регионот во целина ако тој одговор оди преку заедничките институции, НАТО и ЕУ, и ако регионот што побргу се интегрира во нив.

ИСИС не е закана само за Блискиот Исток, таа стана глобална закана на која никој од нас не е имун, а особено земјите од Југоисточна Европа каде што веќе ги имаме и првите отворени аспирации за поголема пенетрација на ИСИС, но и остварување на поголемо влијание кај населението заради регрутација, факти кои може да имаат сериозно влијание во нарушување на стабилноста на мултиетничките општества. Затоа, враќањето на мирот и стабилноста на Блискиот Исток, особено во Сирија и Ирак, е прашање од најголема важност. Позитивниот развој со договорот П5+1 со Иран за нуклеарната програма сигнализира дека другите прашања на Блискиот исток може успешно да бидат решени. Од друга страна, во меѓувреме е потребна конкретна демонстрација на политиката на превенција на конфликти, за која расправавме токму во ОН, и тоа токму во нашиот регион, рече Груевски.

Според Груевски, со заеднички ангажман на ОН, колективните системи за безбедност, но пред се, преку соработка на безбедносните служби од регионот треба да се елиминира опасноста од радикализамот во кој било облик, ширењето на платформата на ИСИС, но и превенирање изолирани конфликти или обиди за дестабилизација во овој регион.

2

Премиерот во обраќањето подвлече дека со трајна стабилизација на Југоисточна Европа широко ќе се отворат можностите за реализација на економски напредок, за поголема соработка на сите земји во регионот во трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Сите ние треба да се стремиме кон реализација на крупни економски инфраструктурни проекти, кои ќе опфаќаат поголем број на држави, и со чија што имплементација следствено ќе се влијае на зголемување на бруто домашниот производ на сите земји партиципиенти и ќе се обезбеди отворање на десетици илјади нови работни места, рече Груевски.

На тој начин, додаде премиерот Груевски, ќе продолжиме со стратешките цели за намалување на невработеноста која е суштинска цел од првиот ден на мојот ангажман во политичкиот живот, цел за која ние постигнувамем огромни успеси и напредок во изминатиот период.

И иако може да звучи нескормно може да кажам дека сме една од позитивните економски изненадувања во Европа, привлекување на инвестиции, развој, инвестиции во крупни проекти од инфраструктурата и други гранки, за подигнување на економскиот стандард на граѓаните, за развој во образованието и културата и во унапредување на стандардите во секоја сфера кои ќе донесат корист и за земјите и за регионот, рече Груевски.

Говорот на премиерот Груевски во ООН проследете го на следниот линк.