Ештон Качер и Мила Кунис го очекуваат второто бебе

Холивудските актери Ештон Качер и Мила Кунис го очекуваат второто бебе, јавува магазинот „Пипл“.

Двојката што стапи во  брак минатиот јули веќе се родители на 20-месеци старата ќерка Вајат Изабел.

Иако можеби брзото раѓање на две деца едно по друго би можело да биде напорно за некои Мила Кунис во Ентертејмент Тунајт во мај рече дека се усовршила во балансирањето на улогите да се биде добра партнерка, добра сопруга и добра жена.

Знам дека кога одлучивме да имаме дете, одлучивме повеќе да не бидеме себични и барем да почнеме со процесот. Бидејчи одвнатре, како луѓе, ние сме мошне себични и ние навистина сакавме да имаме семејство, рече таа и додаде:

Да се израсне овој мал човек… Тоа е балансирање и тогаш учите како да бидете добар партнер, добра сопруга и добра жена, и да бидете свои, но сепак да бидете одговорни за детето. Тоа е дефинитивно процес на учење.