Естонскиот премиер предупреди дека прекините на струјата може да траат 72 часа

Естонскиот премиер Кристен Михал сугерираше дека при претстојното исклучување на естонскиот енергетски систем од Русија, централизираното напојување во неговта земја би можело да се изгуби на 72 часа, го цитираше во четвртокот весникот Postimees.

Во јули 2024 година, операторите на електроенергетскиот систем на Литванија, Латвија и Естонија официјално ги известија Русија и Белорусија за нивното повлекување од заедничкиот електроенергетски систем BRELL до 8-ми февруари 2025 година. Енергетскиот прстен е именуван по првите букви на земјите-учеснички (Белорусија, Русија, Естонија, Литванија, Латвија).

„Во најдобар случај, ништо нема да се случи, доколку се појават проблеми, следниот чекор ќе биде да се утврди кои потрошувачи треба да се исклучат. Најлошото сценарио е прекин на електричната енергија за 72 часа“, истакна Михал, коментирајќи ги можните ризици од напуштање на BRELL.

Нагласи дека земјата е подготвена за секаков развој на настаните.

Како што претходно пренесе ERR, естонската енергетска компанија „Elering“ предвидува дека по исклучувањето на земјата од рускиот енергетски систем, одржувањето на енергетскиот сектор ќе го чини Талин 60 милиони евра годишно, од кои дел ќе се собира директно од потрошувачите.

Овие стравувања доаѓаат откако минатата недела порталот LSM, повикувајќи се на сопственикот летонскиот државен радио и телевизиски центар, објави дека подводниот оптички кабел меѓу Латвија и Шведска е оштетен.

Ова не е прв инцидент со оштетување на подводната инфраструктура во Балтичкото Море во последните месеци, за што Запдот ја овинува Русија и нејзината наводна „хибридна војна“ против европските земји членки на ЕУ и НАТО. Така, во ноември беше пресечен телекомуникацискиот кабел C-Lion1 меѓу Финска и Германија, како и комуникацискиот кабел меѓу Шведска и Литванија. Тогаш локалните власти се посомневаа дека е одговорен за инцидентот кинескиот товарен брод „Yi Peng 3“.

Покрај тоа, на крајот на декември беше исклучен далноводот EstLink 2 меѓу Финска и Естонија, заедно со четири комуникациски кабли: три од нив беа поставени меѓу Финска и Естонија, а уште еден ја поврзува Финска со Германија.

Полицијата се сомнева дека танкерот „Eagle S“, кој плови под знамето на Куковите острови а наводно превезувал наводно руска нафта која е под западните санкции, со своето сидро го пресекол електокабелот ЕstLink 2 и ги оштетил комуникациските кабли во Финскиот залив.