Етингер: Европа мора да му даде шанса на Трамп

европа

– Секако дека сме разочарани и изненадени од исходот, но тоа мораме да го прифатиме, рече Етингер за германското  радио „Дојчландфунк“.

Еврокомесарот истакна дека на Трамп и неговата екипа, за која, како што кажа, се надева дека е професионална, Европа мора да му даде шанса да го продолжи трансатлантското партнерство темелено на заеднички вредности.

Етингер оцени дека американската предизборна кампања ја карактеризирала огнена реторика, недостаток на почитување и лаги.

-Сега мораме да видиме дали ќе има нов почеток, а барем првите пораки на Трамп беа мудри, заклучи тој.

На изборите од 8 ноември Трамп беше избран за 45. американски претседател.