
„Вртење на САД кон Турција,тимот на Трамп сака промена на статус кво-то“ е насловот на текстот објавен во грчкиот весник „Етнос“.
Весникот наведува дека новиот американски заменик-претседател Мајк Пенс изјавил дека Анкара е најзначајниот сојузник на САД во регионот и најави обновување на врските со Турција.
– Треба да го гледаме светот низ призмата на Турција и да ја адаптираме надворешната политика, така што Турција ќе ни биде приоритет, изјави советникот за безбедносни прашања на Трамп, Мајк Флин, кој е еден од фаворитите за нов секретар за одбрана.
Таквите изјави имплицираат дека ќе се рехабилитираат односите на САД и Турција, коментира весникот.
– Индикации за повторно зближување доаѓаат од двете страни, а симпатиите се взаемни меѓу Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган. Останува да се види како ќе се одрази повторното американско-турско зближување на грчко-турските односи, наведува „Етнос“.