Ето: Мурињо е марионета

Камерунскиот интернационалец Самуел Ето повторно јавно го нападна контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо кој сега е дефиниран како марионета.

“Тука имаме сосема спротива констатација од таа што ја презентираше познатата марионета која пред неколку недели јавно збореше за моите години. Јас сум во совршена форма, мислам и физички и психички. Се чуствувам одлично и на 33 години. Веќе докажав дека сум подобра од многу помлади фудбалери и напаѓачи. Исто така сакам да ја информирам фудбалската јавност дека не се селам во САД или на Средниот Исток. Ќе играм за некој топ-клуб, ќе играм за клуб кој се натпреварува во Лигата на шампиони. Мојата романса со ова натпреварување ќе продолжи уште неколку сезони. Не можам да кажам каде ќе игра. Имам 33 години и сега сум фокусиран на Мундијалот во Бразил. Има и други фудбалери кои играат и со 40 години. Не гледам ниту една причина поради која морам да ставам крај на мојата кариера”, изјави Ето.