ЕУ ја повика Турција да ги повлече трупите од Сирија

Еропската унија ја повика во понеделникот Турција да ги сопре едностраните воени операции во североисточна Сирија да ги повлече своите трупи, според усогласената изјава на министрите за надворешни работи на земјите членки.

„ЕУ ги осудува воените дејствија на Турција, кои сериозно ја поткопуваат стабилноста и безбедноста на целиот регионот … Тоа значително ги комплицира шансите на политичкиот процес под воство на ОН за постигнување мир во Сирија. Тоа, исто така, значително го поткопува напредокот постигнат досега од страна на глобалната коалиција против Исламската држава“, се вели во изјавата која е поднесената до претствниците на Советот на ЕУ во Луксембург.

Во неа се истакнува дека ЕУ „останува посветена на единството, суверенитетот и територијалната целокпупност на сириската држава“.

Турската воена операција под називот „Извор на мирот“ започна на 9-ти октомври и е насочена против курдските сили во северна Сирија. Во саботата турското министерство за одбрана соопшти дека турските сили и сириската вооруежна опозиција која им е сојузник ја преземале контролата врз градот Рас ал-Ајин, а во неделата агенцијата Anadolu соопшти дека е заземен и градот Тел Абјад.

Автономната (курдска) администрација на териториите во североисточна Сирија во неделата официјално објави дека постигнала договор со сириската влада за распоредување на сириската армија по целата сириска граница со Турција, за да помогне да се одвратат нападите од турската армија и про-турските востанички групации.

Во понеделникот сириските државни медиуми објавија по постигнувањето дека сириската армија влегле во градовтие Табка, Ајин Иса и Тел Тамер. Тел Тамер е на 35 километри од Рас ал-Ајин кој сега е под контрила на турските трупи, кои соопштија дека го зазеле важниот автопат М4 кој ги поврзува истокот и западот од земјата, на кој се наоѓаат двата града.