Амбасадорката на Европската унија во Албанија, Романа Влахутин, изјави во понеделникот дека погиднувањето кампови за бегалци „нема да биде и не е“ услов за почеток на преговори на Албанија со Брисел.
Влахутин нагласи дека единствен услов кој може да биде се доброто управување и подобрувањето на состојбата во Албанија.
На новинарско прашање околу скептичните земји, евоамбасадорката рече дека конечната одлука ја имаат 28-те земји членки, но не отфрли други услови кои е можно да бидат дадени околу „доборото управување со земјата“.
Влахутин, во текот на престојот во општината Голема Малесија, искажа задоволство од реформите во земјата и додаде дека до крајот на годинава се надева оти ќе бидат формирани значајните институции од правосудството.
Го акцентираше проблемот со имотите во туристичките зони, но и во други градови, оценувајќи го тоа како итна работа која треба да добие решение и оти за тоа ЕУ дава свој придонес.
И премиерот Еди Рама преку својот профил на Facebook демантираше дека имало некакво условување со изградба на кампови за бегалци во замена за почеток на преговорите.