ЕУ: Анкара мора да го реши кипарското прашање

Разрешувањето на кипарското прашање одигра клучна улога во односите меѓу Европската унија и Турција, пренесе „ИТАР-ТАСС, цитирајќи изјава на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, по повод средбата со министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.

„Дојдовме до заклучок дека конечното разјаснување на кипарското прашање е од огромно значење и е во наш заеднички интерес“, рекол уште Филе.

Еврокомесарот исто така, истакнал дека ЕУ ги цени напорите на Турција да ги обнови преговорите меѓу страните во спорот.