ЕУ апелира на максимална воздржаност на сите страни по убиството на Ханија

Европската Унија внимателно ги следи настаните по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, посебно случувањата во Техеран и апелира до сите страни на максимална воздржаност и избегнување на ескалација на состојбата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Станo.

Во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ за убиството на Ханија и заканите на Иран упатени кон Израел, Стано потсети дека движењето Хамас се наоѓа на листата на терористички организации на ЕУ и на нејзините партнери и дека обвинител на Меѓународниот кривичен суд имаше распишано налог за апсење на Ханија по повеќе обвиненија за воени злосторства.

– Сепак, Европската Унија има принципиелна позиција на отфрлање на вонзаконски убиства и за поддршка на владеењето на правото, вклучително и во меѓународните односи и меѓународната кривична правда. Во контекст на актуелната ситуација, го повторуваме повикот на Европската Унија до сите страни да покажат максимална воздржаност и да избегнат каква било понатамошна ескалација, бидејќи ниту една земја и ниту една нација нема да имаат корист од понатамошната ескалација на состојбата на Блискиот Исток и во поширокиот регион, додаде Стано.

Во врска со присуството на заменикот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) задолжен за политички прашања, Енрике Мора на церемонијата за инаугурација на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан во Техеран, во, како што беше посочено, „друштво на терористи од Хамас и Исламски Џихад“, Стано одговори дека ЕУ останува на својата политика на „критички ангажман“ во односите со Иран и дека целата на посетата на европскиот дипломат била да и се пренесе ваквиот став на Унијата на новата иранска Администрација.

Според Стано, „критичкиот ангажман“ значи да се посочува на сите несогласувања и забелешки на политиката на Иран, но дека тоа не значи и прекин на дијалогот.

Обид за убиство во Радовиш, поднесени кривични пријави

Новости на „Гугл мапс“ и „Вејз“

Стано: ЕУ апелира на максимална воздржаност на сите страни по убиството на Ханија

Потврдени случаи на кражби во олимпиското село

Москва: Подготвени сме да соборуваме Ф-16

Попов: Владата на ВМРО-ДПМНЕ системски ќе го подобри студентскиот оброк

Најнови вести од Свет

Русија Москва: Подготвени сме да соборуваме Ф-16

Свет Судар на два патнички авиони на аеродром во Бразил

Свет Израел ја потврди ликвидацијата на лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф

ЕУ Борел во посета на Казахстан и Киргистан

Свет Австралија и Германија ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Либан поради зголемените тензии меѓу Израел и Хезболах

САД Американските демократи многу позадоволни од Камала Харис како претседателски кандидат отколку од Бајден

Свет Поранешниот претседател на Гвинеја осуден на 20 години затвор за задушување протест и масакр на стадион пред 15 години

САД Избегнаа смртна казна: Признаа вина тројца обвинети за терористичките напади во 2001-ва година

Теми на денот

Македонија Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија- потврдена поддршката за справување со пожарите

Македонија ИМ СЕ ПРЕВРТИЛО ВОЗИЛОТО: Повредени пожарникари во светиниколско додека огнот беснеел кон нив

Министерство за финансии Вработувањата во судството и обвинителството останувале нереализирани иако биле буџетирани

Македонија Митева: 100 милиони мерки во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Кочани-Три чешми Трагедија: Почина младо момче, со возило излета од коловоз

© 2024 Курир