ЕУ бара од Србија целосно да ги нормализира односите со Косово

Србија утре ќе започне нова фаза во европската интеграција, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Со организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Србија и Европската унија формално ќе почнат преговорите за членство во Унијата. „Светото писмо“ за овие преговори претставува преговарачката рамка што Брисел се’ уште ја чуваат во тајност.

Весникот посочува дека имале пристап до документ, од кој јасно се гледа дека ЕУ ќе бара целосна нормализација на односите меѓу Србија и Косово и потпишување на документ, на крајот на преговорите.