ЕУ денеска ќе ги признае дигиталните сертификати за ковид издадени во Србија, најави еврокомесарот Вархеји

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, најави дека ЕУ денеска ќе донесе одлука за признавање на дигиталните сертификати за ковид издадени во Србија.

„Тоа значи дека патувањето ќе им биде полесно на нивните граѓани“, изјави Вархеји.

Српските дигитални сертификати за вакцинација, тестирање или прележан ковид ќе станат еквивалент на ЕУ зелените ковид сертификатите, со кои се овозможува слободно патување во и во ЕУ.

Извор: Блиц.рс