ЕУ денеска ќе расправа за името на Македонија

Една од главните теми на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој е закажан за денеска, ќе биде напредокот во преговорите за името на Македонија.

Министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе се состанат на редовна седница на Советот, како дел од подготовките за самитот на ЕУ закажан за јуни, при што ќе се одлучува за препораката на ЕК со Албанија и Македонија да отпочнат преговорите за пристапување на ЕУ.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ ќе ги извести министрите за моменталната состојба на преговорите за името на Македонија, додека македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе продолжат со преговорите по рундата во Њујорк.

Бугарија како земја која што моментално претседава со ЕУ, ќе организира работен појадок на 1 јули оваа година, на кој ќе присуствува Димитров и други европски шефови на дипломатии.

Тоа ќе биде добра шанса министрите да се запознаат со состојбата околу преговорите а Димитров во понеделникот и вторникот ќе престојува во Брисел.