ЕУ договори санкции против Иран, но не и деветтиот пакет против Русија

Министрите за внатрешните работи на земјите членки на Европската унија договориле во понеделникот нови санкции против Иран под изговор за кршење на човековите права и наводно насилно задушување на протести како и поради наводна поддршка на Русија во војната во Украина, но не успеаја да го договорат и најавениот деветти пакет антируски санкции.

На списокот со лица од Иран на кои им е забранет влезот во ЕУ во понеделникот се додадени уште 20 минути, меѓи кои и високиот верски лидер Саџид Ахмад Хатами, 15 воени функционери и четворица лица од иранската државна телевизија.

„Иранските власти продолжуваат со репресијата кон демонстрантите и санкциите се насочени на оние коишто се одговорни за тоа“, изјави високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Иран во понеделникот јавно обеси маж осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили во неколкуте терористички напади врз нив изминатите месеци. Тоа е второ погубување поврзано со антивладините протести кои ја потресуваат земјата последните три месеци, откако минатата седмица беше егзекутиран маж обвинет за учество и организирање на протестите во соработка со странски разузнавачки служби.

Повод за безредијата во Иран беше смртта на 22-годишната курдска студентка Махсе Амини која умре во притвор на моралната полиција поради кршење на прописот за покривање на косата, а Техеран тврди дека починала од претходно здравствени проблеми. Во тримесечните насилни безредија убиени се над 500 студенти и околу 200 припадници на иранските безбедносни сили.

 

Министрите во ЕУ ја осудија „раширената, брутална и несразмерна употреба на сила од иранските власти против мирните демонстранти, вклучително и жени и деца, што доведе до загуба на животи“.

Министрите, исто така, во заклучоците ја критикуваат влада во Иран за недокажаното наводно продолжено продавање на Русија на дронови со коишто руската војска ја гаѓа украинската инфраструктура.

Иран потврди само една испорака на дронови во Русија, и тоа уште минатата 2021 година. За оваа соработка се шпекулира дека Иран ги развил високософистицираните дронови откако Русија минатите години му доставила украдена американска технологија, а според други Иран успеал со преземање да грабне три американски дрона во Авганистан и да ја усвои и усоврши технологијата.

 

Иран со нови санкции за ЕУ и Британија за „поддршка на тероризам“

Претходно во понеделникот иранското министерство за надворешни работи објави дека ја прошириле листата со санкции во кои вклучи голем број поединци од Велика Британија и ЕУ поради „поддржување тероризам и поттикнување омраза“, алудирајќи на претходните обвинувања дека насилните протести во Иран ги оркестрираат разузнавачките на западните земји.

Како што се наведува во соопштението, санкциите против поединците се воведени поради „намерните дејствија за поддршка на тероризмот и терористичките групи“, како и за „поддржување на говорот на омраза, поттикнување на тероризам и насилство“ што доведе до „безредија, терористички напади и кршења на човековите права во однос на иранскиот народ“.

Пет првни и десет физички лица од ЕУ, како и четири организации и 13 лица од Британија, според ова, подлежат на санкциите од Иран.

Така, Техеран воведе санкции против францускиот статиричен крајно левичарски магазин Charlie Hebdoо, Радиоото кое емитува на фарси јазикот, германската компанија „Water Engineering Trading“, поранешниот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер, Институтот за глобални промени на поранешниот британски премиер Тони Блер, министерот за имиграција во британското Министерство за за внатрешни работи Роберт Џенрик, началникот за одбрана на штабот на британските вооружени сили, адмирал Тони Радаки, како и во врска со други британски и европски поединци и ентитети. Ограничувањата вклучуваат забрана за издавање визи и влез во Иран, конфискација на имот и средства на територија под јурисдикција на Техеран

 

Засега разидување за деветтиот пакет на ЕУ

Од друга страна, шефовите на дипломатиите во ЕУ не успеаја да постигнат единство и согласност околу најавениот деветти пакет санкции против Русија, но Борел изјави дека се надева оти договор ќе биде постигнат до крајот на седмицава.

„Министрите не постигнаа договор за тоа, но се надевам дека ќе се дојде до договор оваа седмица“, рече Борел.

Европската комисија минатата седмица го предложи деветтиот пакет санкции против Русија, вклучително ставајќи уште 200 поединци и правни лица на листата санкционирани. Меѓу нив се руските вооружени сили, офицери, компании од одбранбената индустрија, челнови на парламентот, министри, гувернери и политички партии.

Европската комисија предложува и воведување санкции против уште три банки и целосна забрана трансакции за Руската банка за регионален развој за дополнително да се парализира „Путиновиот банкомат“.

Се предлага и дополнителни ограничувања за извоз на производи за двојна намена, вклучително клучни хемикалии, нервни агенси, електроника и ИТ компоненти, кои можело да се користат во одбранбената индустрија. .

Исто така, се предлага и забрана за извоз на сите видови дронови и беспилотни летала, како и мотори за беспилотни летала во Русија и извоз во која и да е трета земја која би можела да ѝ испорачува дронови на Русија. Инаку, повеќето од овие, како и од претходно наведените предлози, се веќе дел од претходните осум кругови санкции.

Се предлага и забрани за уште четири руски телевизиски канали и други информативни платформи за дистрибуција на медиумски содржини.