ЕУ донира милијарда евра за Србија

ЕУ ќе и донира на Србија една милијарда евра за отстранување на последиците од поплавите.

– На Србија, како земја кандидат и се достапни средствата од Фондот за европска солидарност во износ од милијарда евра годишно – изјави комесарката Кристалина Георгиева на прес конференција во Брисел.

За БиХ која нема статус на кандидат пристапот кон фондовите е покомплициран – рече комесарката.

Таа изјави дека веднаш штом било примено барањето од Србија и БиХ за помош, ЕУ испратиле пумпи, хеликоптери и чамци, како и 450 волонтери од земјите членки на ЕУ.