Европската унија повика 11 држави членки во најбрз можен рок да подготват планови за борба со невработеноста меѓу младите бидејќи недостигот од планови за решавање на проблемот е главниот проблем за закана за економските перспективи на Унијата.
Брисел минатата година одобри систем од 8 милијарди евра за обезбедувавње работа, стаж и професионална обука на млади за да стави крај на се поголемата невработеност меѓу младите која во Грција и Шпанија е речиси 50 отсто.
Велика Британија, Словачка и Словенија се меѓу 20-те држави кои први добија право за помош за периодот 2014-2020 година, но трите не испратиле во Брисел план за користење на средствата до крајниот рок – 31 декември 2013 година. Меѓу државите од кои се бара план се и Велика Британија и Германија. Австрија, Данска, Естонија, Финска, Луксембург, Малта и Холандија се уште работат на предлог програмите.