ЕУ ќе го санкционира новинарот Такер Карлсон поради интервју со Путин?

Американскиот новинар Такер Карлсон би можел да добие забрана за посета на Европската унија по интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин, објави во средата Newsweek, цитирајќи еден поранешен и двајца актуелни европратеници.

Поранешниот водител на Fox News беше забележан во Москва минатиот викенд и во вторникот откри дека ќе прави интервју со Путин. Интервјуто ќе биде објавено на X (поранешен Твитер), а сопственикот на платформата Илон Маск гарантира дека нема да биде цензуриран, рече Карлсон.

Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, сега член на Европскиот парламент, веќе повика Карлсон да добие забрана  Унијата.

„Бидејќи Путин е воен злосторник и ЕУ ги санкционира сите кои му помагаат, се чини логично Службата за надворешна акција  (СНА) да го испита и неговиот случај“, изјави Верхофштад за Newsweek. СНА е одговорна за надворешната политика на блокот и може да препорача санкции, кои треба да бидат одобрени од Европскиот совет.

Верхофштад е познат по тоа што служеше како главен преговарач на ЕУ за Брегзит и по застапувањето на идејата блокот да стане „империја“. Сепак, тој не е осамен глас во барањето забрана за Карлсон.

Новинарот „веќе не е новинар, туку пропагандист на најгрозоморниот режим на европско тло“, изјави поранешниот шпански европратеник Луис Гарикано за Newsweek. Поранешниот студент на Лондонската школа за економија сега предава на два американски универзитети.

„Карлсон сака да му даде платформа на некој обвинет за злосторства за геноцид – тоа е погрешно“, изјави за весникот естонскиот европратеник Урмас Пает.

„Значи, за таква пропаганда за криминален режим, можете да завршите на листата на санкции. Ова се однесува првенствено на забраната за патување во земјите на ЕУ“, додаде Пает, поранешен министер за надворешни работи на балтичката држава.

Најавувајќи го своето интервју во вторникот, Карлсон рече „Не сме тука затоа што го сакаме Владимир Путин. Ние сме тука затоа што ги сакаме САД и сакаме тие да останат просперитетни и слободни“.

Американците не знаеја за „случувањата што ја менуваат историјата“ кои произлегоа од конфликтот во Украина, бидејќи медиумите на англиски јазик ги лажеа, рече Карлсон. „Тоа е погрешно. Американците имаат право да знаат сè за војната во која што се вмешани“.

САД и нивните сојузници од ЕУ испратија над 200 милијарди долари воена и финансиска помош за Киев од ескалацијата на конфликтот во 2022 година.