Европската унија е подготвена да испрати во Украина посредници на високо ниво за преговори со опозицијата и властите во Киев за решавање на акутната политичка криза во земјата, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на лидерот на партија „Удар“, Виталиј Кличко, по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
„Разговаравм за ситуацијата во Украина и најважно е ситуацијата да не излезе од контрола, да се направат решителни чекори за надминување на кризата. Јас истакнав дека во прво време парламентот треба да го направи она што е во неговите овластувања, имено да прифати акт за враќање на Уставот од 2004 година. На овој начин ќе се демонополизира власта во Украина“, изјави Кличко .
„Што се однесува до преговорите со украинскиот претседател Јанукович, сметам дека посредник треба да биде трета страна и некој треба да види како оди преговарачкиот процес и да ги фиксира сите аранжмани и обврски“, додаде Кличко.