ЕУ формира комисија за истрага за „Панамски документи“

Даночниот експерт во ЕП, Филип Ламберт изјави денеска дека документите кои неодамна „протекоа“ од панамска адвокатска канцеларија покажала дека досега е „контролиран само врвот на леден брег за избегнување даноци од страна на странци и фирми“.

Во случајот Панамски документи, во јавноста се појавија 11,5 милиони довеливи документи кои содржат детални информации за 214.000 оф-шор фирми. Документите покажуваат како богати поединци меѓу кои и државни службеници скриваат пари од јавноста.