Европските лидери на Самитот во Брисел се договорија за продолжување на санкциите кон Москва за дополнителни шест месеци, а мерките се насочени против енергетските, финансиските и оружените сектори на Русија. ЕУ првпат воведе санкции за Русија по анектирањето на Крим во 2014 година.
Одлуката за продолжување на санкциите кон Русија е донесена вчера, неколку дена по средбата на Нормандиската четворка во Париз, кога лидерите на Русија и Украина Владимир Путин и Владимир Зеленски се договорија за размена на преостанатите заробеници од судирите во источна Украина, но не и за статусот на таа област.