Европската унија ги замрзна сметките на две нафтени компании, обвинети за тајни испораки на нафта во Сирија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Двете компании се на „црниот список“ од девет правни лица, објавен од ЕУ.
Либанската компанија „Оушнс петролеум трејдинг“ и египетската „Трај оушнс трејдингс“ се обвинети за поддршка на сирискиот режим и профитирање од организирање на тајни испораки на нафта за владата на Башар ал Асад