ЕУ го договори деветтиот пакет санкции против Русија

Државите членки на Европската унија постигнале во четвртокот договор за деветтиот пакет санкции против Русија, пренесуваат медиумите повикувајќи се на дипломатски извори.

Договорот, за санкциите за што е потребна согласност од сите земји членки, според тие извори ги постигнале амбасадорите на земјите членки, коишто заседаваат истовремено додека трае состанокот на шефовите на земјите и владите во Европската унија.

Постигнатиот договор ќе биде формализиран преку пишана процедура. Владите на државите членки требаат да го потврдат договорот до петокот напладне. Итно истиот ден одлуката ќе биде објавена во Службениот весник на Европската унија.

Деветтиот пакет санкции, меѓу другото, вклучува ставање на речиси 200 нови поединци и правни субјекти на листата санкционирани субјекти. Меѓу нив се руските вооружени сили, поединечни офицери, компании од одбранбениот сектор, членови на парламентот, министри, гувернери на рускиот региони и политички партии.

Воведен се санкции и против уште три руски банки, како и целосна забрана за трансакции на Руската банка за регионален развој.

Дополнително е ограничен и извозот во Русија на производи кои ја носат ознаката за двојна намена, вклучително клучни хемикалии, нервни агенси, електроника и ИТ компоненти, коишто би можеле да се користат во руската одбранбена технологија.

Исто така, се забранува и извоз во Русија на сите водови дронови и беспилотни летала, како и извоз на мотори за беспилотни летала и извози во која и да е трета земја, којашто би можела на Русија да ѝ испорачува дронови. Јасно се алудира на Иран, но мноштвото земји во светот, од Латинска Америка, преку Блискиот исток и Африка до Азија, не го имаат ограничено тргувањето со Москва.