ЕУ го осуди блокирањето на француските медиуми во Нигер

Европската унија остро го осудува блокирањето на емитувањето на франциската радиостаница RFI (Radio France International) и телевизијата France 24 во Нигер, сметајќи дека тоа преставува кршење на човековите права и слобода, изјави во петокот портпаролката на Европската комисија, Набила Масрали.

Претходно беше објавено дека новите власти на Нигер кои го притворија избраниот премиер Мохамед Базум минатата седмица го блокираат емитувањето на споменатите медиуми на територијата на земјата кој до 1960 година беше западноафриканска колонија на Франција.

„ЕУго смета за неприфатливо запирањето на (емитувањето) на RFI и France 24 во Нигер. Оваа мерка претставува сериозно нарушување на правото на информирање и слободата на изразувањето. ЕУ остро ги осудува овие прекршувања на темелните слободи“, објави Масрали на социјалнате мрежа Х, поранешната Twitter.

Радиото RFI и телевизијата France 24 се главните француски медиуми кои емитуваат програма во Африка, кои ги промовираат ставови на официјален Париз за случувањата на континентот и во светот. Двата медиума претходно пред повеќе месеци беа блокирани и во Мали и Букрина Фасо, соседи на Нигер и поранешни француски колониии во кои исто така се случија преврати на незадоволните воени врвови.

Војската на Нигер во објавата на нациналната телевизија истакна дека претседателот Мохамед Базум е остранет од должноста, државните граници се затворени и е воведен полициски час.

Минатата среда Претседателската гард го притвори претседателот Базум и десетици негови соработници. Кабинетот на претседателот првично објави дека војската на ги поддржува пучистите водени од генералот Андулрахман Тјани, но набрзо воената команда и жандармеријата објавија дека ги поддржува пучистите. На 28-ми јули, генералот Тјани во телевизиско обраќање информираше дека е избран за челник на „Бационалниот совет за одбрана на татковината“ кој го сочинуват високо рангирани пучисти.

Претходно во петокот агенцијата Frence Presse (АFP) објави дека пучистите во Нигер ги откажале сите воени договори со Франција. Избран на изборите во 2011 година сега соборениот претседател Базум се сметаше близок сојузник на Франција.

Воениот преврат во Нигер доаѓа во време на новиот бран антифранцуски чувства во земјата. Франција во земјата има околу 1.500 војници, кои учестувале во борбата против џихадистичките групации поврзани со Исламската држава и Ал Каеда кои дејствуваат во земјите од регионот Сахел. Но, освен колонијалното минато, француските војски во регионот се обвинети за никаква борба против исламистите и присуство само за да ги заштитуваат финансиските интереси во западните земји, но и за тешки злосторства, вклучително и за силувања на деца. Буркина Фасо и Мали веќе ги протераа француските војници, од кои повеќето беа прекомандувани во Нигер.